– Ставена е на располагање целата зимска механизација на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта за претстојните зимски услови на патиштата, утврдиле министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, при денешната обиколка на автопатските пунктови за одржување на државните патишта, соопшти Министерството за транспорт и врски.
На 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата ставени на располагање се 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта. Јавното претпријатие моментно располага со 12.800 тони сол и дополнително околу 20.000 тони кубни ризла.
-Директорот на Јавното претпријатие истакна дека зимските служби работат деноноќно за да се обезбеди непречено и нормално функционирање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, информира ресорното Министерство.
Најавуваат дека преку ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта и во наредниот период ќе работат на дополнително зголемување на капацитетите на зимските служби со цел безбедно патување на граѓаните.