За кого се опасни бананите? Руски лекар открива каков проблем може да предизвика ова овошје кај некои луѓе (фото)

Заболените од гастритис се советуваат да јадат банани за да ја намалат киселоста на желудникот и ризикот од горушица, но подобро е да го избегнуваат овошјето во случај на цревни заболувања во акутната фаза, изјави руската докторка Татјана Разумовска.

Според нутриционистите, незрелите зелени банани се богати со натриум и затоа можат да делуваат како диуретик.

– Зрелите банани имаат лаксативно дејство, поради што ова овошје најверојатно е штетно ако имате проблеми со цревата или гастроинтестинални заболувања во акутната фаза. Докажано е дека можат да предизвикаат гасови – објасни Разумовска.

Таа додаде дека една банана дава енергија колку за еден час вежбање или тешка физичка работа.

Како што вели, ако овошјето се исуши, калориската содржина на бананата ќе се зголеми пет пати.