Иако за многумина таа е секс симбол, актерката и модел Меган Фокс никогаш не го сакала своето тело, а зад ова се крие пореметување од кое страда уште од детството.
Актерката и модел Меган Фокс (37) многумина ја сметаат за најубавата жена на светот, но и покрај комплиментите за нејзиниот изглед со кои секојдневно се среќава, таа на своето тело гледа сосема поинаку. Имено, Меган со години се бори со нарушување на телесната дисморфија поради што не го гледа своето тело онака како што го гледаат другите, а за својата дијагноза искрено проговори за Sports Illustrated Swimsuit , чија корица ја краси со уште три модели – актерката Брукс Надер , трансродовата пејачка Ким Петрас и 81-годишната бизнисменка Марта Стјуарт.
Иако за многумина е несомнен секс симбол , актерката никогаш не го сакала своето тело. – Имам телесна дисморфија. Никогаш во животот не сум имала фаза кога го сакав своето тело, никогаш – искрено признала Меган, која првите симптоми на ова нарушување ги сретнала во детството.
-Кога бев девојче бев опседната со тоа како ‘треба’ да изгледам – вели таа, објаснувајќи дека и самата не знае од каде потекнува нејзиниот дисморфен поглед на сопственото тело, бидејќи во нејзиното семејство кога растела, не се обрнувало многу внимание на изгледот. – Зошто бев толку свесна за сопственото тело на таа млада возраст, не сум сигурна, но мислам дека дефинитивно не дојде од околината, бидејќи пораснав во многу религиозна средина каде телата не беа важни – нагласила актерката.
Свесна е и дека прифаќањето на себеси е, во нејзиниот случај, тежок пат кој никогаш нема да заврши. – Патувањето каде што ќе научам да се сакам себеси никогаш нема да заврши – заклучила актерката.
Инаку, за телесната дисморфија неодамна се пишуваше откако беше откриено дека од истото пореметување боледува и годинешниот претставник на Италија на Евровизија, Марко Менгони. Телесно дисморфично растројство е преокупација со воочена или помала естетска мана која предизвикува значителна вознемиреност или го попречува социјалното, професионалното или друго функционирање. Се лекува со фармакотерапија и психотерапија. Телесно дисморфично нарушување обично започнува во адолесценцијата и се чини дека се јавува со еднаква фреквенција кај мажите и жените.