Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори повторно го привлекоа целото внимание со своите аутфити во кои се појавија во Лос Анџелес.
Додека раперот беше завиткан од глава до пети во црно, неговата 29-годишна партнерка се појави во проѕирен фустан од латекс и изгледаше дека не носи долна облека.
Контроверзната двојка беше видена како поминува покрај обожавателите на нивниот состанок вечерта во италијанскиот ресторан Бакари во Лос Анџелес – малку попрофитабилно место во споредба со нивното неодамнешно излегување на The Cheesecake Factor.
Својот потполно проѕирен аутфит, под кој и се гледаа градите и другите интимни делови, Бјанка го комплетираше со црвени чорапи и сатенски потпетици.
Да потсетиме дека раперот и неговата сопруга се венчаа во декември 2022 година, само неколку недели откако го финализираше разводот со 43-годишната Ким Кардашијан, со која има четири деца.
Канје во последно време парадира со полуголата Бјанка низ светот, а нејзините облеки предизвикуваат загриженост дека тој ја контролира. Извори неодамна изјавија за Дејли Мејл дека Бјанка знае дека „претерано се изложува“ и дека е уморна од него да ја користи како „бесплатна маркетиншка алатка за неговиот претстоен албум „Vultures 2““. Исто така, се вели дека „и треба пауза и треба малку да се повлече од очите на јавноста“, иако „и се допаѓа вниманието што го добива“.
„Но, сето тоа станува премногу за неа, а Канје продолжува да ја притиска за сè повеќе и повеќе и повеќе и повеќе пред да излезе неговиот Vultures 2“, додава изворот.
Што се однесува до желбите на Бјанка, таа наводно сака да престане да се појавува во такви изданија и наместо тоа да се „фокусира на тоа да има деца“ откако ќе биде објавен албумот на Вест.