Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, најави директорката на разузнавачката служба, Селин Бертон.
Од нив, 6.000 ќе бидат во главниот град Париз.
Таму, според зборовите на францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, се очекуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе на улицата „Шанзелизе“.
Жералд Дарманен на прес-конференцијата кажа дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што се случува во Израел и Палестина.
Тој исто така додаде дека полицијата за првпат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат ангажирани десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.
Фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе биде на Олимписките Игри, кои ќе се одржат во тој град следната година.