ЗА ОВАА ТОРТА ВИ ТРЕБААТ САМО 10 МИНУТИ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ, А ЌЕ ВЕ ОСВЕЖИ ЗА СЕКУНДА (РЕЦЕПТ)

Готов е за 10 минути, а ќе го јадете со брзина на светлината

Направете сочен колач со бисквити и јагоди кој ќе ве освежи во топлите денови.

За делот за бисквит ќе ви требаат:

300 грама мелена плазма

200 грама стопен маргарин

3 лажици шеќер во прав

5 супени лажици сок од портокал

Потребно за полнење:

400 мл слатка павлака

250 грама маскарпоне сирење

3-4 лажици шеќер во прав

400 грама јагоди

Подготовка: Измешајте ги бисквитите, путерот, шеќерот и сокот од портокал. Бисквитот притиснете го во калапот, а потоа направете го филот.

Се мати слатката павлака, се додава сирењето и се се матат. Додадете шеќер и ситно сечканите јагори. Над бисквитот се става филот , се лади, се сече и се сервира.