Филмот „ Барби “, кој ја освои планетата, ги инспирираше погребалните компании ширум светот да го зголемат својот профит. Имено, погребниците ги заинтригираа обожавателите на овој блокбастер закопувајќи ги своите најблиски во пластични розови ковчези со мотиви на Барби .
Новата мода започна од Латинска Америка, поточно од Мексико и Ел Салвадор, но многу брзо се шири, па прашање е кога ќе стигне до Европа.
Така, погребалните домови ширум Америка ја нудат својата најнова понуда на жешко розови ковчези на тема Барби за обожавателите кои се надеваат дека ќе ја однесат својата љубов кон куклата на своите гробови. Според британските медиуми, не станува збор за толкава новина, но популарноста на „погребната опрема на Барби“ го достигнала врвот со пристигнувањето на филмот „Барби“ во кината.
– За да можете да се одморите како Барби. Овој ковчег, со својата впечатлива, светло розова боја, ја претставува искрата и енергијата на тие незаборавни моменти кои се живееле. Тоа е потсетник дека нашите приказни заслужуваат да бидат запаметени и прославени во боја и живост. Оваа почит нека биде прослава полна со љубов, бои и незаборавни спомени – стои во промотивниот клип за моделот на ковчегот „Куќа на Барби“ на мексиканскиот погребен дом „Оливарес“.
Пионерите во овој бизнис беа Салвадорците. Компанијата „Алфа и Омега“ во Авачапан минатата година направи ковчег на тема Барби. Погребникот Исак Вилегас изјави за Џем прес дека од премиерата на филмот, интересот за ковчегот е без преседан.
– Сакавме да го промовираме розовиот ковчег затоа што стана тренд. Луѓето допираат до нас цело време. Од 40 луѓе кои се распрашаа за ковчегот на Барби, склучивме договор со повеќе од десет. Дури и останавме без залихи – изјави Вилегас.
Погребниот дом сподели видео во кое го промовира ковчегот на TikTok, каде стана вирален со 1,6 милиони прегледи и речиси 5.000 коментари.