За Панчо во моментов нема да се води постапка поради неговата лоша здравствена состојба

Државниот јавен обвинител изјави дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба.

-Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.