За пет дена заработила 4.500 долари онлајн: Шампионката од Вимблдон откри зошто се откажала од тенисот и како ставила силикони

Русинката Софија Жук влезе во тенискиот свет на 15 години кога го освои Вимблдон во 2015 година.

Беше тениска сензација, и предвидуваа голема иднина, бидејќи никогаш дотогаш не играла на трева. За жал, убавата Софија не направи голема кариера, тенисот го напушти пред да наполни 20 години.

Пред неколку месеци повторно стана главна вест. Не поради спортски резултати, туку затоа што отворила профил на мрежата Onlinefans, каде споделува разголени фотографии и заработува многу пари.

Коментарите беа измешани. Некои ја поддржаа, а некои осудуваа се што прави. Интересно, на некои руски портали таа лично им одговори на своите критичари.

Таа во интервју за рускиот портал Sports раскажа зошто го мрази тенисот, како за малку ќе ја изгубила врската со мајка си и како заработувала за вештачки гради и зошто почнала да работи на Onlifans.

– Некои луѓе се уште ме гледаат како тенисерка. Но, ја завршив кариерата во 2019 година. Тенисот е минато. Сега сама водам две фирми, а една ја делам со сопругот Сергеј. Имам компанија за изнајмување автомобили и возен парк, како и салон за убавина. А јас и мојот сопруг имаме заедничка компанија која помага при изработка на документи. Имам сосема поинаков живот – изјавила Софија Жук.

За тенисот вели

– Го сакав тенисот кога бев дете. Како што растев, така растеше и притисокот. Тоа е она што ме натера да се откажам. Кога ја одиграв мојата прва професионална сезона во 2018 година и видов до што дојде мојот живот, решив дека не сакам да живеам така.

Следела расправија со мајка и Наталија .

– Мама беше со мене нон-стоп. Кога и кажав дека на 19 години ја завршувам кариерата, таа ми се налути. Таа ме остави и ми рече дека ќе се каам за мојата одлука. Не разговаравме две години и секоја средба што ја имавме завршуваше со кавга. Сега сфати колку згреши, дека не е добро што сака да управува со мојот живот.

Таа открива за проблемите со родителите.

– Сите пари што ги заработив во тенисот отидоа на сметката на мајка ми. Кога решив да ја завршам кариерата, имав еден автомобил и околу 20.000 долари на банкарската сметка на мајка ми. Кога почнав сама, немав пари. Спиев во кола, немав пари ни за бензин. Но научив да бидам трпелива и да не се плашам.

Таа остана да живее во Америка, во Мајами.

– Работев како возач во агенција за изнајмување автомобили, а потоа како менаџер. Бев на работа 18 часа, седум дена во неделата, се враќав дома како цеден лимон. Пиев енергетски пијалоци, јадев чипс и чоколадо. Се разболев и развив панкреатитис.

Објаснува како живее сега.

– Како резултат на тоа, сега не можам да јадам 80 проценти од храната. Млечни производи, шеќер, јаглехидрати, сосови, ништо слатко, ништо премногу кисело. И пред секој оброк морам да пијам лекови, инаку ризикот од напад е многу голем. Болката станува неподнослива, почнувам да се гушам. И огромна стомачна болка. Секој пат се збогувам со животот.

После тоа, таа го запознала сопругот Сергеј , кој е Русин од Москва, 20 години постар од неа, и тој и помогнал да застане на нозе. Софија откри како се одлучила за вештачки гради.

– Се разбудив едно утро и се погледнав во огледало. Посакував да имам поголеми гради. Му го кажав ова на мојот сопруг, а тој ми рече да правам што сакам. Отидов на клиника и закажав операција. Платив во готово, 7.400 долари. Овде девојките тоа го прават главно на кредит.

Активна е на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 167.000 луѓе, но и на Тик-Ток со повеќе од 20.000 претплатници.

– Социјалните мрежи ги водам чисто за забава, немам никаква корист од нив.

Таа откри и како го започнала профилот на Onlifans.

– Ми стана интересно, искрено, да дознаам колку пари може да се заработат таму, за една недела без никаква разголена перверзна содржина. Нема секс пораки, ништо. Тоа ме заинтригира мене и мојот сопруг. И заработив 4.500 долари за пет дена.

Софија објаснува дека била изненадена.

– Јас не разбирам. Ништо не направив, не ја покажав голотијата. Воопшто ништо. Само во костими за капење, како на Инстаграм. Луѓето плаќаат за тоа, даваат 20 или 30 долари, јас го зголемувам на 100, тие плаќаат. И така испадна дека е 4.500 долари. Не правејќи ништо.

Не планира да пласира порно содржина.

– Тоа го прават Американките. Сепак, руското образование е различно.