„Клучот за развој на стабилни и одржливи односи меѓу американската и кинеската Армија е Вашингтон да има точно разбирање за Кина“, порача началникот на Генералштабот на Кина, Лиу Женли, во разговор со началникот на заедничкиот штаб на САД, генерал Чарлс Браун, пренесуваат медиумите.
Лиу Женли и Чарлс Браун разговарале за време на видео повик во четвртокот, прв разговор меѓу началниците на кинеската и американската Армија по повеќе од една година, објави медиумската агенција Reuters.
Лиу рече дека вооружените сили на Кина одлучно ќе го бранат националниот суверенитет и територијалниот интегритет кога станува збор за Тајван.
Лиу Женли истакна дека САД треба да го почитуваат суверенитетот на Кина, како и поморските права и интереси на Кина во Јужното Кинеско Море.