Техничкиот претседател на Владата, Талат Џафери, на настанот во тетовско Селце на новинарско барање ја коментираше изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека намерата на премиерот на Косово, Албин Курти, е да го победи Али Ахмети и ДУИ и по парламентарните избори во мај да биде дел од власта во земјава.
Според Талат Џафери, изјавите на Александар Вучиќ и другите се во рамки на општа пропагандистичка кампања која се први од многустрани.
„Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците овде. Но граѓаните тоа го разбираат соодветно на што се однесуваа ‘душегрижност’ на изјавителите на тие изјави, а во суштина и децата во колевка си знаат дека тоа се работи индиректно фактички се иницира, незадоволство кон божем ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели за коишто програмски е определено присуството, работата и живеењето на Албанците како колективен народ овде во Северна Македонија и во тој контекст дека е дел од интензивната пропагандата којашто се прави и од надвор и од внатре“, изјави Талат Џафери.
Дел од владините министри од редовите на ДУИ, заедно со техничкиот премиер денеска во тетовско Селце присуствуваа на поставување на камен – темелник за нов објект за ООУ „Рилиндја“.