За три месеци од Германија се депортирани 483 граѓани на Македонија

Бројот на депортирани од Германија годинава е значително поголем во споредба со лани. Во првиот квартал од 2024 година, бројот на депортации се зголеми за една третина.

Според податоците на германската влада, од јануари до март годинава од Германија биле депортирани 4.791 лице или за околу 34% повеќе во споредба со истиот период лани.

Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле депортирани 483 граѓани на Македонија. Во текот на целата измината 2023 година, пробиени се 1177 граѓани на Македонија. Од 483 депортирани државјани на Македонија во првиот квартал од 2024 година, 233 се жени, а 227 малолетни.

На второ место по бројот на депортации е Турција каде се вратиле 449 граѓани. Потоа од Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).