Од опозициската партија СДСМ соопштија дека во втората половина на 2024 година починале 19 бебиња и 5-годишно дете, а за овие смртни случаи според нив треба да одговара министерот за здравство Арбен Таравари.
Од СДСМ прашуваат зошто и како се направени отстапките, каде застанува системот и дали се штитат грешките на лекарите.
„Министер за здравство Таравари зборуваме за деца, тоа се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди да излезете да си поднесете оставка. СДСМ инсистира на длабоки истраги, целосна транспарентност и преземање сериозна одговорност. Потребни се подетални анализи и превентивни мерки. Не можеме да чекаме децата да умрат и потоа да реагираме. Го повикуваме МЗ и сите надлежни институции итно да преземат мерки за спречување на вакви трагедии. Здравјето и животот на децата треба да бидат главен приоритет во секој здравствен систем“, изјави Рената Младеновска од СДСМ.