ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА КОКОС – Брза торта со кокос и банани која не се пече
Потребни состојки:
- 2 ќесички пудинг од ванила
- 125 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 300 гр посни бисквити
- 5 лажици кокос
- 3 ќесички шлаг пена
- 2-3 банани
- вода според упатствата
Начин на подготовка:
- Сварето го пудингот во 600 милилитри вода и оставете го да се излади. Во изладениот пудинг додадете маргарин изматен со шеќер во прав.
- Изедначете ја масата, а потоа додадете кокос, скршени бисквити и банани исечени на кругови. Измешајте, истурете на послужавник и обликувајте ја тортата со рацете.
- Премачкајте ја со шлаг измешан со вода и ставете ја во фрижидер да се стегне.
- Украсете по желба со кокосови струготини и банани.