За 12 дена убил тројца мажи: Сега е уапсен, а жртвите имаат само една заедничка работа

Полицијата уапси маж (24) кој е осомничен дека во последните 12 дена убил три лица во Ротердам.

Уапсен е на балконот од станот што го издавал, иако нема постојано живеалиште. Полицијата извести дека мажот дал отпор при апсењето и дека го пронашле пиштолот што најверојатно го користел за да ги изврши убиствата.

Меѓу жртвите не се пронајдени врски, освен дека сите биле мажи, па се претпоставува дека осомничениот ги избрал по случаен избор. Прво убил маж (63) на 21 декември, потоа една недела подоцна уби маж (58), додека во четвртокот наутро прво ранил маж (81) кој подоцна им подлегнал на повредите.

Во средата вечерта, полицијата објави фотографија од осомничениот и понуди награда од 30.000 евра за секој што може да помогне да се најде.

Интересно е што полицијата неколку часа пред приведувањето стапила во контакт со осомничениот, односно накратко го запрела во неговата населба. Тогаш им се чинеше дека не одговара на описот на човекот што го бараа, па само го фотографираа и му ја снимија личната карта. Четири часа подоцна упаднале во неговиот стан каде го уапсиле.

Засега не е познат мотивот за овие убиства, па полицијата сè уште ги истражува сите околности.