Поразителни бројки за иднината на државата, бројот на ученици драматично се намалува – за 7 години 17 000 ученици помалку во основните и средни училишта низ државава, а факултетите останале покуси за повеќе од 5000 студенти.
Од Министерството за образование велат овој тренд се должи на иселувањето од државата како и на намалениот наталитет, но се надеваат дека зајакнатата македонска економија ќе ги врати назад иселениците и нивните деца од дијаспората.
Бидејќи се уште траат уписите нема фининални податоци за бројот на ученици во претстојната учебна година, но намалувањето на бројот на ученици стана хроничен проблем. Поранешниот директор на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека за 10 години се затвориле 45 основни училишта низ државава, а голем број региони во Македонија активно се празнат.
Од опозициската Левица реагираат дека освен што се соочуваме со намалување на бројот на ученици, драстично паѓал и кавлитетот на образованието.
– ПИСА тестирањето јасно покажува дека дури 73,6% од учениците на 15годишна возраст се функционално неписмени не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат освновниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено. – Лавица.
Иселувањтео од државата кое засили измнатите 15 години предизвика сериозни демографски поместувања земјава ја напуштија воглавно работоспособно и наталитетно население, што директно се одрази и на образованието.