Заедно со Вања Ѓорчевска, вчера беше пронајден мртов и 74-годишниот Панче Жежовски. Причината за неговото убиство е иста како онаа на 14-годишната Ѓорчевска, експлоатација за пари, пренесува Телеграф Македонија.
Се огласи и ќерката на жртвата Жежовски, која за „Фокус“ изјави дека жртвите не се познаваат иако ги убиле истите луѓе.
„Лично не сме ја познавале девојката. Јас веќе не знам ништо бидејќи веќе сум во полициска станица, а знам само едно, дека татко ми е мртов . Причината што ја слушна полицијата: експлоатација за пари, воопшто не ми е јасно бидејќи татко ми никогаш не бил богат“, се вели во изјавата на ќерката на втората жртва.
Инаку, Жежовски е пријавен како исчезнат од 24 ноември и е пронајден мртов во околината на Велес, заедно со девојката која ја мобилизираше цела Македонија да го најде, Вања Ѓорчевска (14). Според Обвинителството и МВР, двете жртви биле убиени од исти лица.