Фотографиите кои се појавија ја покажуваат Мадона на концертот во Рио де Жанеиро што го одржа на почетокот на мај годинава.
Мадона (65) навлезе во седмата деценија од животот, а на неодамна завршената турнеја „Celebration“ покажа дека е во добра физичка кондиција.
Поп-иконата со години наназад се обидува на секој начин да ги сокрие брчките и несовршеностите предизвикани од годините.
Во февруари минатата година таа се најде на удар на јавноста кога се појави на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес.
Пејачката на сцената се појави со плетенка коса, а на многумина ѝ падна окото на нејзиното надуено и отечено лице од ботокс. По таа вечер почнаа да се упатуваат салви од навреди кон неа, поради што најголемата светска музичка ѕвезда се огласи на социјалните мрежи:
„Многу луѓе ги коментираат фотографиите од моето лице одблиску. Повторно сум фатена во мрежата на старост и мизогинија што го обзема светот во кој живееме. Светот одбива да ги крене и слави жените над 45 години и чувствува потреба да ги казни ако се со силна волја, вредни и полни со енергија Никогаш не сум се извинила за ниту една модна креација што сум ја носела сите овие години, ниту за начинот на кој изгледам или се облекувам на мојата кариера, но јас разбирам дека сето ова е тест и среќна сум што можам да го отворам патот за многу помлади жени да им го олеснам. Сè уште се радувам на годините што доаѓаат и ги поместувам границите . “, напиша Мадона на Инстаграм во тоа време.
Сепак, пејачката сега повторно се најде на удар на жестоки коментари на социјалните мрежи.
Имено, на фотографиите кои се појавија се гледа Мадона на концерт во Рио де Жанеиро кој го одржала на почетокот на мај годинава. На познатата плажа Копакабана се собраа 1,6 милиони луѓе, што е рекорд за посетеност на концерт на соло уметник во историјата.
На нив Мадона е во секси црвено-црн фустан, а на нозете носи длабоки чизми.
На многумина им паднаа во очи нејзините раце, односно надлактиците на кои се гледа нејзината збрчкана и млитава кожа, а особено истакнатите вени.
„Беше збрчкана и се распарчи“, „Па вака и изгледаат рацете кои ги крие со години“, „Луѓе, како изгледа, ова е страшно“… ова се само дел од погрдните коментари, додека имаше и такви кои напишаа дека Мадона изгледа исто според годините и дека тоа е нормално.
Останува да видиме дали еп-ѕвездата овој пат ќе се огласи, а како изгледа Мадона погледнете на споменатите фотографии во галеријата на крајот од текстот: