Германскиот тенисер Александар Зверев му се налутил на судијата на мечот со Кристијан Гарин во Минхен.
Дождот оваа недела прави големи проблеми во Баварија, а очигледно судиите тешко се одлучуваат да престанат доколку врнежите се со слаб интензитет.
Таква беше судиската оценка за овој четвртфинален натпревар, која доста го изнервира Зверев.
„Во кој момент ќе направиме нешто? Во кој момент? Кажи ми. Нема да правиме ништо цел натпревар? Тогаш завршив. Ќе ги играм следните два натпревари и тоа е тоа. Ова е смешно Буквално врне“, рече Зверев .
На крајот Гарин направи изненадување и победи со 6:4, 6:4, а следен ривал ќе му биде Тејлор Фриц.
Ова е прв пораз на Зверев без освоен сет против играч надвор од Топ 100 од 2015 година.
Zverev not happy with the umpire in his match against Garin in Munich
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) April 19, 2024
“At what point are we gonna do something? At what point? Just tell me. Are we not gonna do anything the entire match? Then I’m done. I’m just gonna tank the next two games and I’m done. This is ridiculous.… pic.twitter.com/gFxF11TXzV