Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, е зголемен за 3,3 отсто. Во периодот јануари – ноември годинава, пак, во споредба со истиот период лани, зголемувањето 1,4 проценти.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022
година, бележи опаѓање од 0.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.9 %, а во секторот Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на
ноември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за
4.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %