Зголемен е прометот во трговијата на мало со автомобилски горива лани во декември во споредба со истиот месец во 2021 година, номинално за 46,5 отсто, а реално за 28,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 15,7 отсто, а реално е намален за 5,1 процент, Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 8,7, а реално е намален за 5,3 отсто и Трговија на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2,5, а реално намален за 5,1 процент.