Питата во друга форма е секогаш добредојдена
Уметноста наречена пита е секогаш вистинското решение за појадок, предјадење, ужина… Љубителите на тесто за пита никогаш немаат премногу и секогаш сакаат да научат некој нов рецепт .
Уметноста на нови вкусови со малку кора и неколку состојки секогаш инспирира, а ние ви претставуваме уште еден, многу едноставен начин да го направите ова јадење.
Состојки:
- 500 гр кора за пита
- 5 јајца
- 1/2 л јогурт
- 150 мл масло
- 1 прашок за пециво
- чаша ситно сирење
- сол
Подготовка:
Свиткајте ги корите како лепеза или хармоника и наредете ги една до друга.
Се матат јајцата, па се додава јогуртот, маслото, прашокот за пециво, солта и сирењето.
Сè измешајте, а добиениот фил полека прелијте го врз корите.
Корите премачкајте ги со вилушка создавајќи ситни празнини за убаво да се распореди филот и да влезе во секој дел.
Посипете со сусам и печете во рерна загреана на 250 степени околу 30 минути.
Исечете го на коцки или триаголници и послужете го со јогурт и кисело млеко.