Чипсот на многумина им е омилена закуска, а од тиквички можете да направите и здрава варијанта со идеален вкус.
Потребни ви се: две мали тиквички, една лажица маслиново масло, една лажица суво оригано, сол и бибер.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 100 степени. Исечете ги тиквичките на многу тенки парчиња со помош на секач и ставете ги на хартиени крпи за да се впие вишокот течност.
Додадете оригано, сол и бибер. Потоа наредете ги тиквичките во сад обложен со хартија за печење. Печете ги околу час и половина. Извадете ги од рерна кога ќе станат крцкави. Пријатно!
Јадењето тиквички има бројни здравствени придобивки. Само некои од нив се: подобрување на здравјето на очите, зајакнување на коските, намалување на холестеролот и намалување на крвниот притисок.