За да може телото да функционира правилно, на вашето тело му се потребни здрави масти и во процес на слабеење. Затоа, важно е да го препознаете недостатокот на овие хранливи материи.Здрави масти може да се најдат во маслиновото масло, авокадото, рибата, јајцата и јаткастите плодови, а нивниот недостаток може да го забележите ако, на пример, често сте уморни или имате лошо помнење.
Глад
Ако често сте гладни или барем се чувствувате гладни дури и по обилен оброк, ова е знак дека на телото му треба повеќе време за да ги метаболизира мастите отколку јаглехидратите.
Кожата
Досадна, ронлива и главно сува кожа може да биде еден од знаците дека вашата исхрана нема здрави масти. Исто така, можете да изгледате старо за вашата возраст. Здравите масти се неопходни за здрава кожа, тие помагаат во апсорпција на витамини растворливи во масти од храната, кои и помагаат на кожата да ја задржи влажноста.
Немате редовни менструации
На телото му се потребни здрави масти за да ги регулира хормоните. Недостатокот на маснотии може да предизвика нарушување на менструалниот циклус. Ако немате редовни менструации, причината може да биде недостаток на маснотии. Секако, тука може да станува збор и за друг здравствен проблем, па во тој случај подобро е да посетите гинеколог.
Анксиозност
Причината за анксиозноста може да биде нешто сосема друго, но може да биде знак за недостаток на есенцијални масни киселини омега-3 и омега-6. Може да се најдат во рибата, ленот и чиа семето. Ако анксиозноста се појави преку ноќ, променете ја исхраната. Почесто консумирајте масна риба како лосос, туна или сардина.
Замор
Уморот по 20 минути физичка активност исто така може да биде знак дека не внесувате доволно масти. За време на физичката активност, телото прво користи јаглехидрати, но за понатамошно делување се потпира на калориите од мастите. Ако тоа не е доволно, набргу сте исцрпени по започнувањето на физичката активност.
Лоша меморија
Традиционалната медитеранска исхрана, која вклучува мрсна храна како маслиново масло, јаткасти плодови, риба и слично, ја подобрува меморијата. Ако вашето помнење е лошо во последно време, тоа може да биде знак дека треба да внесете повеќе масти во исхраната.