Легендарниот пејач, Здравко Чолиќ, беше, но и се уште е познат како голем заводник и по него лудуваат многу жени, но познато е дека тој никогаш не влегува лесно во романси.
Меѓутоа, во далечната 1973 година во Луксембург, каде што тој настапи на Евровизија и се претстави со песната „Гори ватра“, имал кратка романса со пејачката на познатата група АББА, Ани-Фрид Лингстад, пишува и открива Blic.rs.
Како што признал самиот тој неколку децении по краткотрајната романса, Здравко Чолиќ се чувствувал „искористен“.
„Ани-Фрид Лингстад од групата АББА ја запознав на Евровизија, каде на друго место би се сретнал со нејзе. Потоа дојде поканата за викенд. Изгледаше ветувачко, но по целата таа тридневна идила се чувствував искористено како инстант супа. Ја готвиш за пет минути, ја јадеш топла и толку. И имаше сè: дрвена куќичка, камин, свеќи и цвеќиња, завеси и покривки, печена риба во фолија со бадеми и етерични масла… Но, таа вистинска, единствена, луда страст што се случува меѓу маж и жена, таа ја немаше. Немаше спонтаност, па се изгледаше како кога закажуваш заеднички тренинг во теретана“, открил неодамна Здравко Чолиќ.
Меѓутоа, Здравко Чолиќ неодамна во едно интервју откри дека тоа не е баш така.
„Па, тоа се машки финти! Жената не може да користи маж, тој секогаш ја користи“, се пошегувал тој.