Здравко Чолиќ со децении важи за еден од најпопуларните пејачи на Балканот и со гордост ја носи титулата миленик на жените.
Иако има 72 години, Чола сè уште е омилен меѓу понежниот пол, за што и самиот е свесен.
-Така е, едноставно си роден таков и потоа никаде не можеш да избегаш од тоа. Жените се тие кои повеќе се врзуваат за мажите, за машките бендови, а ние пееме љубовни песни. Од друга страна, мажите повеќе се врзуваат за женските вокали. Сигурно е убаво и секако ласкаво – изјави Чола.
– Немам ништо против тоа што најголемиот дел од публиката е ми е женска, иако има и многу машки фанови. Така е со години, како што стареам се појавува некаква машка почит – изјави пејачот, пренесува 24сата.хр.
Да потсетиме дека пејачот своевремено зборуваше за деновите поминати во притвор. Како што појасни, полицијата го приведе во Македонија под сомнение дека купувал девизи, а потоа бил пуштен да се брани од слобода.
– Бев еден вид менаџер и човек кој имал одредени вложени средства во областа на телефонијата, а пошироката јавност дозна дека сум вклучен во мал бизнис дури кога ме уапсија во Охрид за претворање на кредитни средства во девизи. Тогаш во Македонија беше поевтино да се купуваат девизи отколку во Белград и Загреб – изјави тогаш пејачкот.