Здравствените работници во Македонија во среда на протест

И покрај ветувањето дека ќе им биде исплатена платата за месец јануари, сепак, здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ денеска најавија дека ќе излезат на протест во среда следната недела.

„Од директорот на Фондот добивме ветување дека во понеделник до крајот на работното време ќе се реализираат плановите за Клиничкиот центар. Ние го почитуваме тоа. Но, ако не се исплатат платите, во вторник ќе свикаме извршен одбор, ќе свикаме совет и ќе донесеме одлуки за следните чекори. Без разлика, и во вторник да се исплатат платите, протестот ќе се одржи во среда“, вели Горан Беговиќ, раководител на Синдикатот на клинички центар „Мајка Тереза“.