Маслинките се добар извор на незаситени масни киселини и витамин E. Една просечна маслинка тежи од три до пет грама. Некои маслинки се зелени и стануваат црни кога ќе созреат, некои пак остануваат зелени.
Маслинките помагаат во регулирањето на количеството на лошиот ЛДЛ-холестерол, а неодамнешните студии покажале дека маслинките можат да го намалат крвниот притисок. Консумирањето маслинки може да ви донесе само здравствени придобивки.
Маслинката има кардиоваскуларни придобивки, помага кај превенција на рак на кожата и предвремено стареење. Маслинката помага во ублажување на астмата, остеоартритисот и ревматоидниот артритис, се користи кај чир на желудникот и гастритис, клучен е за здравјето на видот и очите.
Маслинките содржат масти, но тие се здрави мононезаситени видови, за кои е откриено дека го намалува ризикот од атеросклероза и го зголемува добриот холестерол. Тие се моќни антиоксиданти, кои се борат со воспаленијата и го спречуваат растењето на микроорганизмите.
Маслиновото масло и маслинките може да се конзумираат како превенција или како лек и тајна за здравјето и долговечноста.