Вештакот ангажиран од судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска соопшти дека обвинетиот Мухамед Зекири не е во можност да присуствува на судење поради лоша здравствена состојба. Ова го потврдува мислењето на техничкиот советник Александар Марцикиќ, кој на претходните седници го оправдуваше отсуството на Зекир. Судењето е одложено и не се знае кога ќе се одржи следната седница. Се зависи од Зекири и од тоа колку брзо ќе закрепне, информира Журнал.
„Мислењето на стручното лице е тука. Дадено е мислење дека тој не е во можност да присуствува на судењето поради неговата тешка здравствена состојба, која е привремена. Следната седница е во предвидениот термин“, рече судијката Јанчулева.
Пред одржување на седницата, Зекири ќе има уште една проверка. Резултатот ќе даде одговор дали обвинетиот ќе може да се појави на суд по неколку одложени рочишта. Во наредната седница ќе треба да се одредат термини за други седници.