Зеленски вели дека Путин се потсмева на целиот свет

„Еднонеделното одложување на Русија во подготовката на предлогот за мировен договор е исмејување на целиот свет“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Коментарите доаѓаат откако рускиот претседател Владимир Путин, за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп на 19 мај, одби да поддржи целосно прекин на огнот во Украина.

Наместо тоа, Кремљ предложи изготвување на „меморандум“ за евентуално идно мировно решение.

Зеленски рече дека додека Украина и нејзините партнери работат на моментален прекин на огнот, Русија одолговлекува, пишуваат странските медиуми , според „Телеграф“.

„Кога на Русите им требаше една недела да го формулираат таканаречениот меморандум како одговор на барањето за прекин на огнот, ова е очигледно исмејување на целиот свет.“

„Ни треба прекин на огнот. Потребни ни се дипломатски чекори кон вистински мир. И дефинитивно е време да се изврши поголем притисок врз Русија“, додаде тој.

Според украинскиот лидер, Москва продолжува да го блокира секој значаен напредок надвор од размената на затвореници.

„Секој ден во војната е загуба на животи. Секако, во Русија не ги бројат луѓето. Но, светот мора да ги брои“, изјави тој.

„Потребни се нови санкции против Русија. Ви благодарам на секој од вас што го брани и поддржува ова.“