Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во својата дневна видео порака на „Телеграм“ објави дека е во посета на линијата на источниот фронт во регионот на Доњецк, пренесоа француските медиуми.
-Регионот на Доњецк. Ги посетуваме борбените бригади кои ја бранат Украина, кои се дел од тактичката оперативна група Доњецк, рече Зеленски во видеото на кое се гледа како се среќава со војниците.