Посетата е закажана за в среда, а ќе започне со официјална средба меѓу Зеленски и неговиот полски колега, претседателот Анджеј Дуда, по што е предвидена средба со граѓаните, соопштија од Кабинетот на претседателот на Полска.
Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, оваа недела ќе престојува во официјална посета на Варшава, при што ќе разговара со полските претставници и граѓани.
Посетата е закажана за в среда, а ќе започне со официјална средба меѓу Зеленски и неговиот полски колега, претседателот Анджеј Дуда, по што е предвидена средба со граѓаните, соопштија од Кабинетот на претседателот на Полска.
Од Кабинетот на претседателот на Полска за радио „RMF FM“ е потврдено дека Зеленски ќе се сретне со Украинците и Полјаците во Кралската палата во Варшава и дека ќе им се заблагодари на соседите што му помагаат на неговиот народ.
Полска, членка на НАТО и на Европската Унија, беше првата станица за многу украински бегалци кои избегаа од војната. Повеќе од 1,5 милиони од нив сè уште живеат во Полска.