Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше по извештаите на меѓународните медиуми во врска со наводниот предлог на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.
Според информациите, Виткоф одржал состанок во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, на кој меѓу темите се разговарало наводно за територијалната поделба на Украина и признавањето на некои окупирани региони како дел од Руската Федерација.
Зеленски ова го нарече неприфатливо, нагласувајќи дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не се доведени во прашање.
Zelensky:
— Clash Report (@clashreport) April 15, 2025
These are (our) red lines – to recognize the occupied territories as Russian. Witkoff is discussing issues outside his competence. pic.twitter.com/GDoExl9mpY
„Ова се нашите црвени линии – признавање на окупираните територии како руски. Виткоф разговара за прашања надвор од неговата надлежност“, изјави тој одлучно, нагласувајќи дека никој, вклучително и неофицијални претставници на странски држави, нема право да преговара во име на Украина или да прави отстапки што го нарушуваат нејзиниот територијален интегритет.
Оваа изјава доаѓа во деликатно време за меѓународната дипломатија, бидејќи војната во Украина продолжува и секој сигнал за компромис за окупираните територии може да има сериозни политички и морални последици за Киев.
Реакцијата на украинскиот претседател е јасна порака дека Украина нема да прифати никаков договор што не ги почитува нејзините меѓународно признати граници.
Инаку, Зеленски денеска беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на средба.