Зеленски го критикува Орбан: Не го користете мојот лик за ваша пропаганда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи ја неговата политика антиукраинска и корисна за Кремљ.

Во интервју за унгарскиот весник „ Валаш онлајн “, Зеленски го изрази својот гнев кон Орбан, кој ги користел сликите на Украинецот за домашна политичка корист.

„Како може да го користи моето лице за своите избори? Јас сум претседател на друга земја. Не ги гледате билбордите на Орбан во други земји. Бидејќи тоа би било неетичко“, рече украинскиот претседател.

Тој, исто така, откри дека унгарската разузнавачка служба собирала податоци за воздушната одбрана на Украина и ставот на Закарпатија кон потенцијалните унгарски „мировници“ – нешто што НАТО вели дека никогаш не го одобрило.

Украинскиот претседател го обвини унгарскиот премиер за манипулација. „Тој зборува за мир – потоа ја посетува Москва. За кого Будимпешта собира информации?“, праша тој.

Инаку, Орбан вчера изјави дека Русите се премногу слаби за да го нападнат НАТО.