Зеленски го назначи поранешниот премиер за министер за одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предложи премиерот Денис Шмихал да биде назначен за министер за одбрана, како дел од реконструкцијата на кабинетот што сè уште треба да биде одобрена од парламентот.

„Огромното искуство на Денис Шмихал несомнено ќе му биде корисно како министер за одбрана на Украина“, рече Зеленски во говорот вечерва, додавајќи дека планира да ја назначи министерката за економија Јулија Свириденко за премиер.

Денис Шмихал, кој беше назначен за премиер во 2020 година, ја водеше владата за време на пандемијата на коронавирусот, пред да започне руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Актуелниот министер за одбрана Рустем Умеров ќе стане амбасадор во Соединетите Американски Држави, изјави украинскиот претседател минатата недела, објави „Телеграф“.

Најобемната реорганизација од почетокот на руската инвазија доаѓа по месеци неуспеси за украинските сили на фронтот и ескалација на руските воздушни напади врз градовите низ целата земја.

Именувањето на Денис Шмихал ќе треба да биде одобрено од парламентот, кој со огромно мнозинство го поддржа Зеленски по руската инвазија и се очекува тоа повторно да го стори.