Со обезбедувањето помош на Киев по нападот на украинските сили врз нафтоводот „Дружба“, Европската Унија ја предаде Унгарија, изјави на социјалната мрежа Х. Золтан Кошковиќ, аналитичар во Унгарскиот центар за фундаментални права.
Неговата реакција уследи по изјавата на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, која рече дека Брисел ќе продолжи да ја поддржува украинската одбранбена индустрија.
„Украинците повторно извршија целен напад врз клучната инфраструктура што ја снабдува ЕУ со природен гас. Ова никого не вознемирува. Ова не е ништо ново – се сеќаваме на Северниот тек. Но, ова е предавство“, напиша Кошковиќ.
Тој додаде дека ЕУ нема договорни обврски кон Киев, но дека има „апсолутна морална и правна должност да ги заштити виталните безбедносни интереси на своите земји-членки“.