Зеленски за краткиот разговор со Орбан: Му реков да ми даде само една причина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан, побарал од него да наведе само една причина зошто Украина не треба да биде во ЕУ.

А според странските медиуми, пренесува Телеграфи, Зеленски рекол дека го чека одговорот на Орбан.

„Не можам да кажам дека тоа беше особено или намерно планирана средба. Имавме дијалог. Ова е вистина”.

„Мислам дека треба да организираме конструктивна средба меѓу нашите земји бидејќи имаме заеднички граници, соседи сме и треба да разговараме“, рече Зеленски.

„Многу важна тема што ја покренав со него беше дека треба да разговараме, треба да ги решаваме проблемите. Затоа само треба да се сретнеме. Му покажав дека имам позитивен став кон оваа идеја“.

„Второ. Мислам дека сум во право [што го кажувам тоа] и јасно му кажав дека нема причина да го блокира членството на Украина во Европската унија. Го замолив да ми даде само една причина. Не три, не пет, не десет, само една причина и чекам одговор“, рече Зеленски.

Инаку, Зеленски на 10 декември имаше краток разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот претседател на Аргентина.

Во врска со ова, Зеленски рече дека разговорот бил „што е можно поискрен“.