Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја.
– Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат зло, истакна Зеленски.
Тој повика „земјите во светот да ја надминат рамнодушноста за да има помалку простор за омраза“.
Зеленски во видеообраќањето не ги именуваше Русија и руската армија