ЗЕЛЕНСКИ НЕ ЖИВЕЕ СО СЕМЕЈСТВОТО! Олена Зеленска: На син ми му недостасува татко му!

Сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во интервју за Би-Би-Си се пожали дека и недостасува сопругот и дека и треба сопруг, а не историска личност.

– Можеби ова звучи себично, но ми треба сопруг, а не историска личност да биде покрај мене – рече таа.

Таа изјави и дека семејството на Володимир Зеленски не поминува многу време заедно.

– Но, ние се држиме, имаме сила и емотивно и физички. Сигурна сум дека ќе се справиме со тоа – додаде таа.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг не живее со семејството, но дека се гледаат, иако не толку често колку што би сакале.

– На син ми му недостасува татко му. Ме боли кога гледам како моите деца не планираат ништо. Нашата ќерка има 19 години. Нејзините врсници сонуваат за патување, за нови искуства, емоции. Таа нема таква можност – изјави Олена Зеленска.

Кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Олена Зеленска со месеци се криеше на тајни локации со своите деца.

Откако излегла од криењето минатата година, таа почнала да патува низ светот и да се среќава со лидери на други земји и да држи говори.