Зеленски не сака да оди во Москва на преговори, го покани Путин да дојде во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба во Москва, нарекувајќи го изборот на такво место за средба знак дека Русија не е навистина заинтересирана за преговори.

Во интервју за американскиот телевизиски канал ABC News, украинскиот лидер рече:

„Не можам да одам во главниот град на овој терорист бидејќи Украина е под ракетни напади, под оган секој ден. Путин може да дојде во Киев“, рече Зеленски.

Доналд Трамп инсистира на директни разговори меѓу рускиот и украинскиот претседател.

Организирањето на таков билатерален или трилатерален состанок беше една од главните цели на неговиот самит со Путин во Алјаска минатиот месец.

Путин вели дека е подготвен да се сретне со Зеленски, но во Москва.