Зеленски објави снимка од рускиот напад врз патничкиот воз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се прикажани последиците од рускиот напад врз патнички воз.

Русите со беспилотни летала ја нападнаа железничката станица во Шостка, Сумска област.


Во времето на нападот, вработените во „Укрзализницја“ биле на станицата.

Според украинските власти, нападот се случил во време кога имало значително цивилно присуство во областа, што го прави овој чин уште посериозен.

Објавените снимки покажуваат голема материјална штета и хаотични сцени по експлозиите.

„Русите не можеле да не знаат дека целта им се цивилите. Ова е терор што светот нема право да го игнорира“, рече украинскиот лидер.

Најмалку 30 лица се повредени, додека екипите за итни случаи продолжуваат со операциите за спасување и помош на местото на настанот.