Зеленски откри без чија помош Украина има мали шанси да ја преживее војната: Ќе биде многу, многу тешко

Украина има мали шанси да ја преживее војната против Русија без поддршка од САД , изјави во петокот украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и него и рускиот претседател Владимир Путин.

„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. Се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса, но ние ќе имаме мала шанса да опстанеме без поддршката на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во интервју за NBC News, пренесе Ројтерс.

Трамп рече дека не мисли дека е практично Украина да се приклучи на НАТО и дека е малку веројатно Украина да ја врати целата своја територија.

Украина бара Русија да ги повлече војниците од окупираните територии и апелира да стане членка на НАТО или да и се обезбедат соодветни безбедносни гаранции за да се спречи Русија повторно да нападне.