„Делегацијата е веќе испратена и е подготвена. Турската делегација е исто така подготвена. Американските претставници делумно пристигнаа, делумно се на пат. Сите ја чекаат руската страна“, рече Зеленски, нагласувајќи дека содржината на состанокот е поважна од неговата форма, објави Укринформ.
Тој потсети дека Украина и нејзините сојузници – Франција, Германија, Велика Британија и Полска – претходно предложија безусловно 30-дневно примирје, со предупредување дека, во случај на одбивање, санкциите против Русија ќе бидат заострени.
Ве потсетуваме дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати до јавноста по средбата со првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Тој рече дека Реџеп Таип Ердоган го признал Крим како украинска територија, нешто што Зеленски го опишува како „многу важен сигнал и знак за политичка поддршка“.
Тој додава дека иако избрал „делегација од највисоко ниво“ за мировни преговори во Турција, сега нема да бидат испратени сите, бидејќи Русија испратила само тим од пониско ниво.
Зеленски рече : – Решив да испратам делегација во Истанбул, но не целата.
Тој додаде дека делегацијата ќе ја предводи министерот за одбрана, а ќе има и други воени и разузнавачки офицери.
Потоа тој продолжи да го критикува нивото на руската делегација испратена во Истанбул на разговори.
– Ги гледаме претставниците на Руската Федерација и разбираме за кое ниво зборуваме. Русија треба да демонстрира барем нешто, барем ниво на делегирање – продолжува тој.
Зеленски појаснува дека не зборува само за недостатокот на почит кон Украина, бидејќи истакнува дека Доналд Трамп испратил и „голема група луѓе“ на разговорите.
Тој додаде и дека доколку се постигне технички прекин на огнот за време на денешните мировни преговори во Турција, средбата со неговиот руски колега Владимир Путин би можела да се прескокне, но…
– Ако Путин е подготвен за преговори без предуслови – ајде да се сретнеме – рече тој.
Тој ги повика сојузниците на Украина да извршат поголем притисок врз Москва доколку не покаже подготвеност за разговори.