Зеленски откри повеќе отколку што треба! Украина добива нова воена помош од земјите на НАТО, а особено им се заблагодари на…(ВИДЕО)

Во своето обраќање Зеленски изјави дека сите оние кои произведуваат оружје за терор против Украина и кои и’ помагаат на Русија можат да бидат само маргинали за светот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во обраќањето на социјалните мрежи рече дека Украина ќе добие нова воена помош од неколку земји.

Зеленски синоќа во видео порака најави воена помош од нивните пријатели Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија.

– ,,Конкретно, станува збор за муниција, тенкови и артилерија” – изјави тој.

Тој особено нагласи дека Шведска донела многу важна одлука за самоодните артилериски инсталации Арчер од 155 милиметри, за што му се заблагодарил на Стокхолм.

Зеленски се заблагодари и на Словачка за нејзината одлука да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина.

– ,,На украинската армија и понатаму силно ѝ помагаат Полска, Литванија, Велика Британија, ЕУ, САД и многу други” – додаде тој.