Зеленски побара од Американците да му ги продадат ракетните системи Патриот, реагира Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи го предлогот на Украина да купи системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ произведени во САД за да го заштити нејзиното небо, посочи дека претседателот Володимир Зеленски „ја започнал војната“.

Трамп ги даде овие коментари за време на средбата со претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во Белата куќа, пишува Телеграф.

На прашањето дали разговарал за понудата на Зеленски да купи системи Патриот, Трамп рече дека украинскиот претседател „секогаш сака да купува проектили“.

„Слушај, кога започнуваш војна, мораш да знаеш дека можеш да ја добиеш војната, нели? Не започнуваш војна против некој што е 20 пати поголем од тебе и потоа се надеваш дека луѓето ќе ти дадат неколку проектили“, рече Трамп.

Тој, исто така, нагласи дека се фали дека токму тој и ги дал на Украина противтенковските системи „Јавелин“, кои ја добија нивната прва голема битка, при што руските тенкови заглавија во калта и беа уништени од „Јавелин“.

„Тие имаа една изрека во тоа време: Обама им даде летоци, а Трамп им даде копје“, додаде американскиот претседател.