Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео-обраќање рече дека негов приоритет е да ги задржи руските напади и да се подготви за можна украинска контраофанзива.
– Одржување на ситуацијата на фронтот и подготовка за сите непријателски чекори на ескалација – ова е приоритет за блиска иднина, рече Зеленски, пред состанокот на политичките и воените лидери од целиот свет на Минхенската безбедносна конференција.
Поддржана од десетици илјади резервисти, Русија ги засили копнените напади низ јужна и источна Украина, а како што се приближува првата годишнина од нејзината инвазија, на 24 февруари, се чини дека се формира нова голема руска офанзива, коментираат познавачите.
Русија вчера истрела проектили врз Украина кои ја погодија нејзината најголема рафинерија за нафта. Од најмалку 36 проектили истрелани од Русија, околу 16 биле соборени, соопшти украинската армија, што е помала стапка од нормалната.