Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што треба да потпише три безбедносни договори.
Познато е дека меѓу договорите има и ваков нацрт документ со Европската Унија.
Преку него, ЕУ се обврзува дека ќе продолжи со обезбедување оружје, воена обука и друга помош за Киев во наредните денови, пишува Skynews
In the past few days, Ukraine has started actual negotiations on EU membership. Today, I am in Brussels to attend a meeting of the European Council and to thank all European leaders for their unity and for affirming the irreversibility of our European course.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 27, 2024
I will meet with…
Во случај на „идна агресија“, во договорите стои дека ЕУ и Украина имаат намера да се консултираат во рок од 24 часа за потребите на Киев и „брзо да ги утврдат“ следните чекори.
„За прв пат, овој договор ќе ја содржи посветеноста на сите 27 земји-членки да и дадат на Украина широка поддршка, без оглед на институционалните промени“, рече Зеленски.
Во нацрт-документот на ЕУ, наводно, се вели дека обврските ќе останат на сила „додека Украина го следи својот европски пат“ и ќе бидат разгледани најдоцна по 10 години.