Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека успеала да влијае на високи функционери во Белата куќа.

Во интервју за  магазинот Тајм, Зеленски рече дека Кремљ успеал да ги убеди членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во лажни наративи за војната во Украина.

„Верувам дека Русија можеше да влијае на некои луѓе во Белата куќа преку информации“, рече Зеленски.

„Нивната порака до Американците беше дека Украинците не сакаат да ја прекинат војната и дека треба да бидат принудени на тоа“, додаде тој.

Зеленски за спорот во Белата куќа: Го бранев достоинството на Украина

Зеленски се осврна и на неодамнешната конфронтација на Овалната соба со Трамп и неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс, велејќи дека во таа дискусија тој „го бранел достоинството на Украина“.

„Во тој момент немаше смисла дека сме сојузници или дека тие заземаат сојузнички став“, рече тој.

,,За време на тој разговор го бранев достоинството на Украина.”

На прашањето за неодамнешната американска дипломатија во врска со војната, Зеленски посочи дека Трамп остава „морков“ за Русија и и’ се заканува на Украина со „стап“.

„Ако тој морков е отровен, тогаш фала му на Бога“, одговори Зеленски.

,,Можеби тоа е перфидноста на оваа дипломатија.