Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска и радио компанија Си-Би-Ес њуз соопшти дека во наредните месеци ќе започне голема руска офанзива и побара помош од партнерските земји за земјата да се подготви за тоа.
- Ситуацијата на фронтот беше стабилизирана со приближувањето на пролетта, но зимските месеци беа предизвик за вооружените сили на Украина, рече Зеленски.
- Ја стабилизиравме ситуацијата. Подобро е отколку што беше пред два или три месеци кога имавме голем дефицит на артилериска муниција и на различни видови оружје“, рече тој. – Всушност и не видовме голема, огромна контраофанзива од Русија… Немаа успех, рече Зеленски.
Сепак, тој предупреди дека голема руска офанзива се очекува кон крајот на мај или јуни и дополни дека украинската војска не е подготвена да се брани од уште една голема руска операција, без помош на партнерите.
- И пред тоа, не само што треба да се подготвиме, не само што треба да ја стабилизираме ситуацијата, бидејќи партнерите понекогаш се навистина среќни што ја стабилизиравме ситуацијата, рече Зеленски за другите поддржувачи на САД и Украина. „Не, велам дека сега ни треба помош“.
Покрај тоа, Зеленски призна дека војната во Појасот Газа го префрли меѓународниот фокус – и помошта на САД – подалеку од Украина.
Зеленски предупреди дека ако Украина загуби, Путин нема да застане тука. Војната на Русија „може да дојде во Европа и во САД“.
- За него, ние сме сателит на Руската Федерација. Во моментов сме ние, потоа Казахстан, потоа балтичките земји, потоа Полска, па Германија. Најмалку половина од Германија, оцени украинскиот претседател.