Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со папата Франциско за заедничката работа на Формулата за мир.
„Разговаравме за нашата заедничка работа на Формулата за мир – повеќе од 80 земји се веќе во процес на ниво на нивните претставници. Ќе има уште. Благодарен сум на Ватикан што ја поддржа нашата работа“, рече украинскиот лидер во видео адреса.
Зеленски се заблагодари за Божиќните честитки за Украина и Украинците, како и за желбата за праведен мир.
Во овогодинешната божиќна порака папата Франциско побара мир за Украина.